ЗА КОМПАНИЈАТА Се пробивме со сопствено знаење и сили на дотогаш релативно ригидниот пазар на интернет услуги во Македонија, придонесувајќи така за развој на конкуренцијата во Македонија, поголема понуда и значајно пониска цена .
Благодарејќи на упорноста и вербата во успех, успеавме од моментот кога Macedonia On-Line беше проект на неколкумина ентузијасти, да денес бидеме една од технолошки водечките интернет компании на Балканот.
Менаџментот на компанијата составен од екипа на високообразовани и мотивирани стручњаци, и сите вработени во МОЛ, млади и амбициозни креативци, од ден на ден ги следат и ги потикнуваат непрекинатите промени во исклучително динамичното интернет окружување.
МАКЕДОНИЈА ОН-ЛИНЕ (МОЛ) е приватна компанија формирана во 1998 година со седиште во Скопје, ДТЦ Палома Бјанка 4, Македонија, и е еден од првите Интернет сервис провајдери во Република Македонија.
Денес имаме преку 60 – тина вработени, како и регионални продажни објекти и точки на интернет поврзување, односно т.н. POP - ови во Скопје, Куманово, Велес, Штип, Кочани, Струмица, Прилеп, Битола, Охрид, Гостивар и Тетово.
ТЕХНОЛОШКОТО НИВО на опремата и спектарот на услуги што МОЛ ги нуди на своите корисници се во чекор со сите современи услуги и технологии што се наоѓаат на пазарот ширум светот. МОЛ врши постојан мониторинг на својата опрема и квалитетот на услугата 24 часа на ден. Нашиот тим одговара веднаш на овие опомени и го обезбедува максимумот на овие услуги.
СТРАТЕГИЈАТА на инвестирање во најновите технологии и тренинзи и нејзино одржување на високо ниво за давање на квалитетна услуга е клучот на нашиот успех.
МОЛ користи најсовремена опрема и софтвер кој обезбедува услуги на корисниците и е посветен на постојано надградување на капацитетите со промената на технологиите.
ФОКУСОТ на Macedonia On-Line е КОРИСНИКОТ, неговите потреби и барања.
Интернетот е најдинамичниот медиум на денешнината со несогледливи деловни можности. На нашите корисници, индивидуални и деловни, им нудиме целосни и сигурни решенија по мера на нивните потреби. Нашите напори да во модерното комуникациско окружување понудиме содржински оптимални производи и услуги се насочени во крајна линија кон збогатување на квалитетот на живеење. МОЛ се стреми да обезбеди иновативни и сигурни интернет услуги со цел да придонесе во успехот и задоволството на сите наши корисници и со тоа бидеме во служба на создавање на вредности за општо добро.
МИСИЈА - МОЛ стреми кон обезбедување на широк спектар на квалитетни услуги по поволни цени на индивидуални и бизнис корисници (мали, средни и големи компании) и обезбедување на поддршка на индивидуалните и бизнис корисници со најновите решенија на технологијата.
ВИЗИЈА – Да бидеме водечки во обезбедувањето на сеопфатни телекомуникациски услуги на пазарот во Република Македонија
Корисник:
“Macedonia On-Line е најпропулзивниот национален приватен провајдер на интернет услуги (ISP) во Република Македонија, Ви благодарам за услугата што ми ја овозможивте. ”