Доколку на својата веб страна сакате да поставите формулар
кој би се испраќал на e-mail по неговото поднесување,
следете го следниот пример. Напомена: за да можете да го
користите примерот, потребно е вашата веб страна да
се хостира на Premium или Platinum пакетот за хостирање.
За испраќање на формуларот потреби ви
се две страници. Едната е страната со самиот формулар,
а другата го испраќа пополнетиот формулар по e-mail.
Првин ќе ја разгледаме страната со формуларот. Во случајот
ќе користиме само два форм елементи, но можете да додадете
колку елементи сакате.