Во полето за Server,
Url или Address го пополнувате името на вашиот сајт.
Пример: www.mojsajt.com.mk
Во полето port ја пополнувате вредноста 21.
Во полето username го пополнувате корисничкото име.
Во полето password ја пополнувате лозинката.
Кликате на копчето connect, и ако се е во ред, ќе
бидете поврзани со вашата веб страна.
По стартување на Dreamweaver
кликате на менито Site > New Site.
Во Local Info пополнувате податоци за името на сајтот
и локацијата на сајтот локално (на вашиот компјутер).
Во Remote Info во
Access полето селектираме FTP и потоа ги пополнуваме
следните податоци.
FTP Host полето го пополнуваме со името сајтот (пр.
www.mojsajt.com.mk)
Home directory полето останува празно, додека Login
и Password полињата ги пополнуваме со корисничкото
име и лозинката.
Исто така ја вклучуваме опцијата Save доколку сакаме
да ни остане снимена лозинката, и да не мора да
ја отчукуваме при секое поврзување со страната.
Откако ќе кликнеме на Ок копчето, автоматски
ќе бидеме поврзани со веб страната.