Електронската пошта е еден од најкористените средства
на комуникација во денешно време.
За читање на електронска пошта потребен ни е програм,
исто како што ни е потребно поштенско сандаче за примање
на пошта.
Најпопуларни програми за примање на е-маил пораки се:
Во оваа рубрика ќе ви објасниме што треба да сторите
за да можете да читате пораки од својот омилен е-mail
клиент.
Netscape
По стартување на Mail
клиентот на Netscape ќе се појави автоматски Wizzard
кој ќе ве води низ пополнувањето на сите податоци
потребни за прилагодување на вашиот e-mail акаунт.
Од листата на понудени опции, селектирајте
ISP or email provider и кликнете на копчето Next
Во прозорчето кое
ќе ви се појави, пополнете ги вашето име и презиме
(името и презимето кое ќе го читаат сите оние што
ќе ги добиваат вашите пораки), како и вашата е-маил
адреса, и кликнете на копчето Next
Од листата на понудени
опции селектирајте го полето POP, а во полињата
за incoming Server Name
и outgoing Server Name
внесете mc.mol.com.mk.
Откако ќе ги внесете, кликнете на Next
Во полето
User Name го внесувате вашето корисничко
име, и кликате на Next
Во полето Account
Name внесувате име за самиот акаунт (пр.
Мол, Работа) односно името под кое ќе се прикажува
во листата на е-маил акаунти. Кликнете на копчето
Next за финиширање на постапката
Завршниот екран ве
известува кои опции ги имате селектирано, и доколку
сите ги имате правилно внесено, продолжете со копчето
Finish, а доколку забележите грешка, можете со копчето
Back да се вратите назад до било кој од чекорите
и да ја исправите грешката.