Електронската пошта е еден од најкористените средства
на комуникација во денешно време.
За читање на електронска пошта потребен ни е програм,
исто како што ни е потребно поштенско сандаче за примање
на пошта.
Најпопуларни програми за примање на е-маил пораки се:
Во оваа рубрика ќе ви објасниме што треба да сторите
за да можете да читате пораки од својот омилен е-mail
клиент.
Outlook Express
Во менито Tools селектирајте
ја опцијата Accounts
Во прозорчето кое
ќе ви се појави, изберете го табот Mail, и кликнете
на копчето Add, и од селекцијата изберете Mail
Во полето Display
Name пополнете го вашето име и презиме (името
и презимето кое ќе го читаат сите оние што ќе ги
добиваат вашите пораки), по што кликате на копчето
Next
Во полето
E-mail address ја внесувате вашата e-mail
адреса, и кликнувате на копчето Next
На следниот екран
селектирате типот на mail сервер да е POP3,
a во полињата Incoming mail и Outgoing mail сервер
пишувате mc.mol.com.mk.
Во следниот екран,
пополнете ги податоците за:
Account name (корисничкото
име)
Password (лозинката)
Штиклирајте ја опцијата Remember password и кликнете
на копчето Next со што постапката е завршена.