Безжичениот пристап е брз и сигурен начин на постојано поврзување на интернет кој ви гарантира висококвалитетна услуга според најповолните цени на интернет пазарот.
Користејќи ја исклучиво сопствената инфраструктура МОЛ потполно независно ви нуди услуга на безжичено поврзување, што на корисниците им гарантира квалитет, сигурност и флексибилност на услугата.
Искористете ја можноста за најдинамичниот медиум на денешницата и се популарното средство на комуникација – интернетот – како начин да го унапредите своето работење.
Најповолното решение за постојано поврзување на интернет е безжичениот интернет пристап (Fixed wireless)
Предностите на МОЛ безжичениот интернет се високиот квалитет и сигурност по поволни цени, флексибилност во понудата на услугата, и напредната технологија.
Елементи на услугата на МОЛ безжичениот интернет пристап: 24 часа пристап на интернет
потребен број на IP адреси
соодветен број на e - mail адреси
мониторинг на линијата
корисничка подршка 24часа/365дена
одржување
МОЛ безжичениот интернет пристап е вистинско решение за деловните корисници, кои имаат потреба од висококвалитетен постојан пристап на интернет со брзина од 64 kbps до 512 kbps, како и за оние деловни корисници кои често ја зголемуваат или намалуваат интернет брзината. Покрај професионалноста, познати сме и по флексибилноста која овозможува понуда на оптимални решенија на нашите корисници во согласност со нивните потреби и желби. За оваа услуга користиме уреди кои овозможуваат инсталација и приклучување на нови корисници во краток рок, како и брзо зголемување односно намалување на брзината.