Поединци и помали фирми, кои немаат толкав обем на деловна активност или повремено се поврзуваат на глобалната мрежа, најчесто за испраќање на e - mail или пропратно прегледување на веб страниците, избираат едноставен и проверен начин на интернет пристап – преку телефонска линија.
Телефонскиот приклучок на интернет мошне лесно и едноставно може да се оствари. Ако имате компјутер, модем и телефонска линија (била да е таа аналогна или модерна дигитална ISDN) имате практично се – ви треба само уште Macedonia On Line – MOL ! Од нас ќе добиете корисничко име (user name) и лозинка (password). Со неколку кратки упатства брзо ќе бидете споени на интернет, ќе праќате и примате e - mail пораки, како и можност да пребарувате web страни. Преку телефонска линија интернетот ви е достапен каде и да се наоѓате. Имате ли lap top , секогаш ќе можете до својата електронска пошта или омилена web страна.
Зошто да плаќате за месечното време на интернет услугата кое не го користите?
Уморни сте од плаќање месечна претплата за времето кое дадената Интернет услуга ви го понудува, а Вие не го користите во целост. Затоа тука Ви стои на располагање МОЛ Pre Paid Интернет услугата. Купи блок на интернет време и користи го во утврдениот период.