Кабелски интернет претставува сервис кој што овозможува поврзување на корисникот кон Интернет мрежата, користејќи ја постоечката кабелска инфраструктура наменета за дистрибуција на телевизиски и радио програми. На овој начин, на корисниците им е на располагање перманента врска на Интернет 24 часа дневно /7 дена во неделата/365 дена во годината, при што повеќе не е потребна телефонската линија за воспоставување на врската.
Со тоа се избегнува чинот на воспоставувањето на врската, макотрпното чекање додека не се воспостави истата, лошиот квалитет на врската и пред се, огромните телефонски сметки на крајот на месецот, затоа што едноставно нема повеќе импулси. Да, во право сте. Сега ќе можете неограничено време да бидете поврзани на Интернет мрежата, без да мислите на тоа колку време сте останале на линија.
И сето тоа со брзина од 64 kbps , 128 kbps и 256 kbps .
Што се ви е потребно
Се што ви е потребно за да си ја овозможите оваа интернет линија е следното:
- Компјутер со слободен USB порт или Ethernet картичка
- Оперативен систем Windows 2000/XP
- Приклучок на локалниот Кабелски ТВ оператор
- Кабелски модем