Колкава е брзината?
Неверојатно брзо! MolCABLE е за 25 пати побрзо од стандардниот 56к модем.
За да симнете 3.5Mb file користејќи ја стандардната dial-up конекција потребни Ви се околу 16 минути, споредете го тоа со 10 секунди користејќи MolCABLE. Навистина е толку брзо! Веќе имам модем. Дали со кабелскиот треба да го заменам постојниот?
Тоа зависи од конфигурацијата на вашиот компјутер.За повеќето компјутери штом се инсталира високобрзинскиот кабелски модем апсолутно престанува потребата од застарениот и спор модем за телефонска линија.Но најдобриот одговор ќе ви го дадат стручни лица кои можат да ви кажат дали конфигурацијата подржува два модема. На кого треба да му плаќам за користење на интернетот?
За да се симплифицира наплатата сметката ке ви биде однесена од вашиот кабелски оператор а потоа Mol и кабелскиот оператор ќе си ги расчистат сметките меѓусебно. Што е MolCABLE услугата?
MolCABLE е една од најбрзите интернет услуги за домашни корисници што може да се користи. Ви ја носи целосната моќ на интернетот – мултимедиа,стриминг и неограничени можности за забава, учење и комуникација преку Вашиот компјутер користејќи го кабелот за кабловската телевизија наместо телефонската линија. Дали е потребно да користам кабелска телевизија за да користам кабелски интернет?
Да, кај нас во Македонија двете работи одат заедно. Кои се минимум системските барања?
Windows:
Windows 95, 98, 98SE, NT 4.0, 2000, ME, or XP home/office
Pentium-equivalent Processor (Pentium 133 или повеќе-се препорачува)
32 Mb RAM for Windows 95, 98, 98SE (64 Mb се препорачува) 64 Mb RAM for Windows NT 4.0, ME, 2000, XP home/office.
150 Mb слободен диск простор Можам ли да прикачам сервер кон вашата мрежа?
Не. MolCABLE е наменет за домашни корисници, и никакво прикачувања на дополнителни сервери не е дозволено. Дали ќе можам да гледам телевизија и да сурфам истовремено?
Да, Интернетот и телевизискиот сигнал доаѓаат преку ист кабел но со различна фрекфенција така да апсолутно можете истовремено да имате и интернет и телевизиска програма. Што е тоа кабелски модем?
Кабелски модем е надворешен уред кој се поврзува со вашиот компјутер. Кабелскиот модем ја преведува радио фрeквенцијата кон и од централата на операторот на кабловската телевизија во Internet Protocol (IP), комуникациски протокол преку кој комуницираат сите компјутери на интернет. Што ми е потребно за Кабелскиот Интернет?
Пред да ги користите придобивките кои ви ги нуди Кабловскиот Интернет потребно е прво да се осигурате дека услугата е достапна во вашиот крај.Доколку е достапна потребни ви се кабловски модем и Ethernet картичка. Некои компјутери се опремени со оваа опрема или го имаат едното или другото, но во најголем број случаи потребно е сами да си ги набавите компонентите. Што значи терминот MolCABLE е "always on"?
Тоа значи дека кога Ви е вклучен компјутерот вие сте on-line со инстант високо брзински пристап кон се што интернетот може да понуди. Како повеќето корисници ќе влијаат на брзината на кабелскиот модем?
Вкупната брзина ке се намалува со секое следно додавање на нов корисник кој го користи истиот кабелски модем, по извесно време ќе се забележи деградација на брзината. Но и со ова брзината е поголема од брзината која ја има ISDN. Како да се конектирам на MolCABLE услугата?
Кабелски модем го поврзува Вашиот компјутер со MolCABLE високо брзинската мрежа. После иницијалната инсталација немате потреба да се конектирате повторно бидејќи сте “always on”. Можам ли да го користам MolCABLE и да гледам телевизија истовремено?
Да. Ипокрај тоа што услугата MolCABLE и телевизискиот сигнал ги добивате преку истиот кабел тие се на различна фрквенција, така да можете слободно да уживате во двете работи истовремено. Можам ли да ја делам мојата конекција?
Да.Можете да поставите соодветен рутер и да си воспоставите сопствен LAN помеѓу неколку компјутери во вашиот дом. Дали ќе можам да симнувам музика побрзо?
Да. Се што ќе симнувате од интернет ќе биде симнато со поголема брзина. Кабловскиот интернет ви овозможува поголемо уживање кога слушате интернет радио и други стриминг медиуми. Дали ми е потребен Интернет Сервис Провајдер?
MolCABLE е интернет услуга која Macedonia On-Line користејќи ја кабловската мрежа на ТЕЛЕКАБЕЛ ви ја овозможува. Вие имате интернет и се што ви треба од него на овој начин.