Долгогодишното функционирање на Macedonia On-Line како Интернет провајдер на македонските простори цврсто се потпира и на успешната имплементација на бројни и разновидни LAN – локални компјутерски мрежи. Овие мрежи веќе широко распространети во секојдневниот деловен живот, најчесто се поврзуваат на Интернет како целина. Се среќаваат и парцијални поврзувања на делови од локалните компјутерски мрежи на Интернет.
Покрај изведбата на комплетни мрежни решенија, тимовите на Macedonia On-Line, изведуваат и надградби на постоечките мрежни решенија во согласност со потребите на корисниците. На тој начин се добиваат нови мрежни решенија со целосна надградба за да одоговараат на новите технолошки трендови, како и хибридни мрежни решенија каде што се надградува дел од мрежата, додека дел останува приспособен за колаборација со постојните системски, софтверски и апликативни решенија.
Во палетата на мрежни решенија спаѓаат и поврзувањата на две или повеќе одвоени локални мрежи меѓусебно, во случај кога тие се физички раздалечени како на пример издвоени објекти во еден град или во пошироки географски рамки. Овој тип на мрежи, зависно од потребите на клиентите, можат да бидат поврзани на Интернет или исклучиво меѓусебно, што стручно се проценува и проектира во согласност со потребите на клиентите и техничките карактеристики на постоечките локални мрежи.
Решенијата што ги нуди Macedonia On-Line можат да се класифицираат, но да напоменеме дека тука спаѓаат и специфичните решенија кои би биле вон рамките на некоја стандардна класификација и се обработуваат во рамките на стручните технички тимови на Macedonia On-Line и клиентите.
Нови мрежни решенија:
Дизајн и изведба на локална мрежа LAN, без поврзување на Интернет.
Дизајн и изведба на локална мрежа LAN, со поврзување на Интернет.
Дизајн и изведба на регионални мрежи WAN, без поврзување на Интернет.
Дизајн и изведба на регионални мрежи WAN, со поврзување на Интернет.
Дизајн и изведба на Интернет сервери како web, ftp, e-mail, бази на податоци итн.
Надградби на постоечки мрежни решенија:
Надградби на постоечките сервери и работни станици.
Поврзување на постоечките мрежни решенија меѓусебно и на Интернет.
Поврзување на постоечките мрежни решенија меѓусебно и на Интернет со dial-up, leased line, DSL и Радио-Антенски врски.